Човекот на Путин: Само ние и Американците ќе се сретнеме во Ријад, тоа е билатерална средба


lavrov-juri-putin
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јури Ушаков, советник за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, по неговото пристигнување во саудискиот главен град Ријад изјави дека разговорите за Украина ќе бидат исклучиво билатерални, пренесе руската државна новинска агенција РИА.

„Дојдовме да преговараме само со американските колеги. Главната работа е да започне вистинска нормализација на односите меѓу нас и Вашингтон“, рече Ушаков, цитиран од РИА. „Тоа се билатерални разговори, чисто билатерални, во Ријад не може да има трилатерални разговори“.


Високи руски и американски претставници денеска треба да се сретнат во Саудиска Арабија на разговори чија цел, според Москва, обнова на билатералните односи, поставување на основата за преговорите за Украина и средбата меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп.

И двете страни, сепак, го минимизираа значењето на очекуваните резултати во Украина, по три години речиси целосно замрзнување на нивните односи поради војната. Украинците и Европејците стравуваат дека Вашингтон ќе ги напушти, што би можело да бара договор со Русија зад нивниот „грб“, наведуваат агенциите.

Кремљ најверојатно ќе биде подготвен да разговара за безбедноста на европскиот континент како целина, откако претходно повика на повлекување на силите на НАТО од Источна Европа и смета дека инвазијата на Украина е одговор на егзистенцијалната закана што ја гледа од НАТО.

Состанокот, на кој се исклучени Украинците и Европејците, доаѓа во време на дипломатски превирања предизвикани од минатонеделниот повик Трамп-Путин, кој го наруши единството на Западот против Москва.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK