Човекот на кој му беше трансплантиран бубрег на свиња отпуштен од болница: „Нема потреба од дијализа“

af6a9901-f74d-486d-85fb-dd736a9fecc3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Првиот човек во светот на кој успешно му бил трансплантиран бубрег од генетски модифицирана свиња, вчера беше отпуштен од Општата болница во Масачусетс (MGH) во САД, две недели по операцијата. Свинскиот бубрег беше обезбеден од eGenesis од Кембриџ, Масачусетс.


Рик Слејман (62) е дел од програмата за трансплантација на болницата веќе 11 години. Во 2018 година му бил трансплантиран човечки бубрег, кој престанал да функционира пет години подоцна, па лекарите му препорачале ваков тип на трансплантација поради стадиумот на неговата болест, пишува CNN.

„Тоа беше најубавиот бубрег што сум го видел“

Докторот Тацуо Каваи, кој ја изврши операцијата, наведува дека органот е со големина на човечки бубрег. Кога го ставиле бубрегот во телото на пациентот, тој веднаш добил црвеникава боја и почнал да произведува урина.

„Тоа беше навистина најубавиот бубрег што сум го видел“, рече Каваи на прес-конференција.

Од болницата велат дека новиот бубрег на Слејман работи добро и дека не му е потребна дијализа.

„Излезен сум од болница и можам да си одам дома, ова е еден од најсреќните моменти во мојот живот“, рекол 62-годишникот, а пренесува Би-би-си.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK