Израелските одбранбени сили (ИДФ) пукале кон луѓето кои се евакуираа од северот на Газа кон југ, но тоа било затоа што тие биле членови на Хамас, изјави за Би-Би-Си портпаролот на ИДФ, потполковник Ричард Хехт.
Претходно оваа недела, цивилите кои бегаат од борбите во северниот дел на Газа опишаа дека виделе тела во распаѓање и израелски тенкови долж назначениот „безбеден пат“ или коридор за евакуација.
Запрашан од Би-Би-Си Њуз дали Израел прави доволно за да ги заштити цивилите во Газа, Хехт рече дека хуманитарните коридори, тактичките паузи во борбите и предупредувањата за движење кон југ се индиции дека не се во војна со луѓето во Газа.
„Направивме се што можеме во последните четири недели, и повеќе“, рече Хехт.
Запрашан како го гледа крајот на овој конфликт, Хехт рече дека е војник и затоа не може да шпекулира, само заклучи дека не можат да дозволат нападите на Хамас на 7 октомври да им се повторат.