Тајванскиот министер за одбрана Чиу Куо-ченг денеска изјави дека Тајван до 2026 година од САД ќе добие 66 авиони Ф-16В „Вајпер“.
Тој додаде дека испораката доцни поради што производителот се соочил со ревидирањето и подобрувањето на софтверот за контрола на летот.
Воздухопловните сили на САД вчера соопштија дека првиот од напредните борбени авиони планирани за Тајван од Локхид Мартин ќе ја напушти фабриката во третиот квартал на 2024 година наместо првично планираниот четврти квартал од 2023 година.
Кога ќе заврши набавката, Тајван ќе има повеќе од 200 авиони Ф-16В од четвртата генерација, со цел да ги зајакне своите капацитети за противвоздушна одбрана против зголемените закани од Кина. Пекинг тврди дека има суверенитет над Тајван, иако островската држава со децении е самоуправна демократија.