Четворица пациенти починаа во болница по израелскиот упад и прекин на струја во Газа

Видео-Раселените-Палестинци-бегаат-од-медицинскиот-комплекс-на-болницата-„Насер.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за здравство во Газа соопшти дека четвртиот пациент починал во болницата „Насер“ бидејќи при вчерашниот израелски упад во тој објект било прекинато напојувањето со електрична енергија, а снабдувањето со кислород било ограничено.


Претходно, тројца пациенти починаа во текот на ноќта во таа здравствена установа во Кан Јунис, пренесува Ал Џезира. Портпаролот на палестинското Министерство за здравство во Газа, Ашраф ал-Кидра, вчера изјави дека Израел извршил „масовен упад“ во болницата Насер, по што следеле истрели од огнено оружје, при што биле повредени неколку раселени лица кои се засолниле таму.

Тој рече дека армијата им наредила на лекарите да ги преместат сите пациенти во постара зграда која не е соодветно опремена за лекување, пишува The Times of Israel.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно соопштија дека имаат „веродостојни разузнавачки информации“ дека Хамас држел заложници во болницата и дека се сомневаат дека има и други внатре.

Израел го обвинува Хамас дека користи болници и други цивилни структури за да ги заштити своите борци, што Хамас го негира.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK