Цената на струјата за домаќинствата најскапа во Германија, Ирска и Данска

677z381_struja-dalekovod-epa-efe-RONALD-WITTEK.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Цените на струјата за домаќинствата во земјите од Европската унија во првата половина од 2024 година забележаа благ пораст во просек во однос на втората половина од претходната година. Цените се зголемија од 28,3 евра за 100 киловат часови на 28,9 евра за 100 киловат часови.


И покрај намалувањето на цената на енергијата, снабдувањето и мрежните услуги, кои беа намалени за два отсто во споредба со втората половина на 2023 година, вкупните цени се зголемија за два отсто бидејќи владите ги намалија субвенциите, таксите и даночните намалувања за потрошувачите, покажуваат податоците на Европската канцеларија за статистика.

Еуростат наведува дека вкупните даноци се зголемени за 16 отсто, во споредба со втората половина од 2023 година.

Учеството на даноците во сметките за електрична енергија се зголеми од 18,5 на 24,3 отсто, за 5,8 процентни поени, додека кај сметката за гас се зголеми од 22,8 на 27,4 отсто, што е зголемување за 4,6 процентни поени.

Највисоки цени на струјата, вклучувајќи ги и даноците за домаќинствата, во првата половина на 2024 година се забележани во Германија, каде што цената е 39,5 евра за 100 киловат часови, потоа Ирска со цена од 37,4 евра и Данска со цена од 37,1 евро за 100 киловат часови.

Најниска цена на струјата имаа унгарските домаќинства, со цена од 10,9 евра за 100 киловат часови, потоа Бугарија со 11,9 евра и Малта со цена од 12,6 евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK