Бурата Кирк ја погоди Шпанија, регионот Кантабрија најзагрозен

677z381_84-670686b755116.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Невремето Кирк денеска ја погоди Шпанија, а северот на Пиринејскиот Полуостров беше особено погоден од ураганските ветрови, каде на планината Пикос де Европа беа измерени ветрови со брзина од 205 километри на час.


Шпанската метеоролошка агенција (Аемет) издаде црвено предупредување во Кантабрија, додека портокаловото ниво на тревога е активирано во регионите Астурија, Кастилја и Леон, Галиција, Навара, Баскија и Риоха поради дожд, ветрови, силни бранови и бури, пренесува шпански Ефе.

Портпаролот на Аемет, Рубен дел Кампо, предупреди дека се очекува ветерот да продолжи да претставува најголема опасност и во наредните часови, а прогнозите покажуваат дека утре попладне интензитетот на невремето ќе се намали до умерен, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK