Новогодишната културно – уметничка програма во организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општината, продолжи и денеска на кумановскиот градски плоштад.
Забавно шоу со атрактивни точки, жонглирање и пантомима на задоволство на најмалите, приреди Дарко Ѓурчиновски, кој предизвика вистинска еуфорија и ја загреа празничната атмосфера пред пристигнувањето на најмилиот гостин, Дедо Мраз.
Кулминација за најмалите посетители на плоштадот предизвика пристигнувањето на Дедо Мраз, кој беше пречекан со песна и игра.
Следуваше блок со музички точки за повозрасните, со настап на музичката група Дупер, кои се претставија со поп рок песни пред публиката.
Се забавуваа и тинејџерите со програмата на Teen camp, низ песна, игра и драмска изведба на учесниците, кои ја збогатија новогодишната бајка со своја приказна.
Музичката манифестација заврши со настап на кумановскиот атрактивен пејач и миленик на младата популација Tyzee.
The post Празнична атмосфера на градскиот плоштад во Куманово first appeared on Општина Куманово.