Парламентот на Германија го одобри буџетот за 2024 година, во чии рамки ќе бидат доделени 7,6 милијарди евра за воена помош за Украина, соопшти Бундестагот.
„За“ предлог-буџетот гласаа 388 пратеници, а „против“ се изјасниле 279.
Вкупниот буџет за годинава е 476,8 милијарди евра, а новите позајмици во моментов изнесуваат 39 милијарди евра.