Бугарска банда во Британија украла 54 милиони фунти помош: „Живеевме како барони“

bugari-banda-britanija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најголемата измама со социјалната помош во Британија е откриена откако бугарски полицаец им рекол на британските власти дека неговиот град одеднаш бил преплавен со готовина и дека криминалците „живееле како барони“, открива британски Телеграф.


Петмина бугарски државјани признаа дека украле над 50 милиони фунти од британските даночни обврзници во април и се појавија на првиот ден од нивното тридневно сослушување пред судот во Вуд Грин Краун во вторникот.

Галина Николова (38), Стојан Стојанов (27), Цветка Тодорова (52), Ѓунеш Али (33) и Патриција Панева (26) уживаа поддршка од десетици членови на семејството и пријатели. Во април тие се изјаснија за виновни за измама и перење пари.

Групата имала илјадници „клиенти“ и во пораките споделени на „Ватсап“ се шегувала со неможноста на Министерството за работа и пензии да ги фати.

Нивната шема беше разоткриена кога Васил Панајотов, инспектор од Сливен во подножјето на Балканските Планини, започна истрага за ненадејниот прилив на пари во неговиот град, откако забележа дека се градат недвижности, а жителите носат дизајнерска облека.

Тој откри дека илјадници луѓе, од кои многумина никогаш не го посетиле британскиот остров, добиваат до 2.500 фунти месечно од Велика Британија. Тој ги предупреди властите преку британската амбасада во Софија и во мај 2021 година беа извршени серија рации низ северен Лондон.

Вистинскиот обем на измамата најверојатно ќе биде стотици милиони фунти повисоки од првите проценки, според Панајотов.

„Првиот пат ми стана сомнително кога го видов протокот на пари во Сливен. Се прашував како овие луѓе добија толку многу пари. Добив информации од контакти дека стотици луѓе добиваат социјални бенефиции од Обединетото Кралство искористувајќи ги слабостите на британскиот систем. Кога ја добив оваа информација, ја започнав мојата сопствена истрага. На крајот заклучив дека можеби станува збор за 200 милиони фунти годишен приход од ОК“, рече Панајотов, продолжувајќи:

„Парите кои влегуваа во Сливен го трансформираа градот. Луѓето купуваа дизајнерска облека и недвижен имот, отвораа продавници и казина. Ги дадов информациите на британската полиција и тие започнаа сопствена истрага за бандата“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK