Брзите камери во Њујорк покриени со пластични цвеќиња, властите револтирани


5-17.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во јануари, на повеќе локации низ њујоршката населба Стејтен Ајленд, некој креативно, но незаконски ги блокирал камерите за надзор на брзина користејќи пластични цвеќиња, објави CBS.


Фотографиите и видеата  брзо станаа вирални на социјалните мрежи, а многумина ја пофалија генијалноста на овој необичен чин на саботажа.

„Некој оди наоколу ставајќи цвеќе на сите камери за регулирање на брзина. Другар, ти купувам пиво!

Цветовите беа прикачени со селотејп, а на секоја камера беше оставена порака:

„Разубавување на Стејтен Ајленд во режија на нашиот тим“.

Одделот за транспорт на градот соопшти дека досега отстранил најмалку 14 такви пречки.

Градоначалникот на Стејтен Ајленд Вито Фосела рече дека иако не го одобрува овој чин, тој целосно ја разбира фрустрацијата на граѓаните.

„Камерите првично беа поставени исклучиво во близина на училишта за да ги заштитат децата, но сега тие се насекаде и работат 24/7“.

Сепак, градските власти не одговорија на „јазикот на цвеќето“. Во официјалното соопштение тие беа јасни:

„Брзината убива. Покривањето камери со цвеќиња е неприфатливо и ги загрозува животите. Активно соработуваме со полициската управа во Њујорк, а сторителите ќе одговараат за загрозување на јавната безбедност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK