Бројот на загинати во шумските пожари што беснеат низ централно Чиле се искачи на 122 лица, а екипите за брза помош сè уште наоѓаат тела закопани во урнатините три дена по избувнувањето на пожарот.
Пожарникарите и војската ги расчистуваат урнатините во станбените области на крајбрежните градови Валпараисо и Вина Дел Мар, каде пожарот за неколку минути ги зафати домовите, пренесува Ројтерс.
Пожарите што избувнаа во централниот дел на Чиле на крајот на минатата недела се разгореа и се проширија во текот на викендот, пустошејќи ги крајбрежните градски зони Вина дел Мар и Валпараисо.
Стотици луѓе се водат како исчезнати, а околу 14.000 куќи се оштетени.