Британско разузнавање: Русите одбиваат да се борат поради слабиот морал

ruska-vojska-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руските војници одбиваат да се борат, а армијата страда од „низок морал“, објави денеска британското Министерство за одбрана во најновиот извештај на своите разузнавачи.


Британците тврдат дека одбивањето да се борат „веројатно го одразува недостатокот на обука, мотивација и високи стресни ситуации со кои се соочуваат руските сили долж целиот украински фронт“. Двајца војници во последните денови беа осудени на најмалку две години затвор затоа што одбиле да ги почитуваат наредбите да се вратат во Украина.

Тие се меѓу речиси 100-те војници кои секоја недела се затвораат затоа што одбиваат да се борат. Британското Министерство за одбрана тврди дека Русија ги ублажува загубите со „испраќање маси слабо обучени војници на линијата на фронтот“.

„Од делумната мобилизација во септември 2022 година, Русија го адаптираше својот пристап кон војување користејќи ја самата маса за офанзивни и одбранбени операции“, според британското разузнавање.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK