Британскиот премиер: Бајден е во навистина добра форма, не е ниту сенилен ниту премногу стар за да биде претседател на САД

677z381_10-668b92e0ddc7b-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот на Велика Британија Кир Стармер изјави дека Џозеф Бајден не е ниту сенилен ниту премногу стар за да биде претседател на Соединетите Американски Држави (САД), пишува денеска порталот „Политико“.


Новиот британски премиер по едночасовниот разговор во Белата куќа со Бајден за Би-Би-Си посочи дека американскиот претседател е во „навистина добра форма“.

Порталот потсетува дека Бајден е под огромен притисок да се повлече од изборната кампања за ноемвриските избори, особено по телевизиската дебата со противкандидатот Доналд Трамп, кој води во анкетите.

Сè поголем број демократски претставници, вклучително и актерот и еден од најголемите донатори на партијата, Џорџ Клуни, јасно најавија дека Бајден треба да се повлече од трката.

Поминавме низ бројни теми, што беше важно за мене, бидејќи тоа беше мојата прва можност за ваква билатерала, а тој покажа неверојатно лидерство, изјави Стармер.

Беше во добра форма и потоа отидовме заедно на вечера на која беше домаќин, Стармер пренесе дел од деталите од средбата одржана во средата во Вашингтон, во рамките на самитот на НАТО.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK