Британскиот крал Чарлс Трети присуствуваше на велигденската богослужба во капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор.
Чарлс пристигна со кралицата Камила. Ова е неговото најзначајно појавување во јавноста откако му беше дијагностициран рак во февруари, пренесува „Ројтерс“.
На оваа служба традиционално присуствува целото кралско семејство, но оваа година тоа не беше случај.
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, која неодамна почна со хемотерапија за рак, не присуствуваше на богослужбата, ниту принцот Вилијам и нивните три деца Џорџ, Шарлот и Луис, пренесува „Би-би-си“.