Британски полицајци скршиле врата за да спасат бебе, па откриле дека се работи за кукла

Британски-полицајци-скршиле-врата-за-да-спасат-бебе-па-откриле.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници упаднале во станот на Ава Приор, чие хоби е изработка на ултра реалистични кукли, во Малверн, Ворчестершир, пренесува Sky News.


Ава, која што е мајка на три деца, рече: „Не беше смешно кога слушнав што се случило. Морав да ја закрпам задната врата, да го заменам стаклото и да ја поправам влезната врата“.

Ава облече една од куклите во скафандер, ја стави во носач и се фотографираше за да ги објави фотографиите на интернет. После тоа, таа го оставила носачот на подот, го изгасила светлото и отишла кај својата пријателка. Во исто време, нејзината мајка, со која е во редовен контакт, се обидела да дојде, но не можела бидејќи нејзиниот мобилен телефон бил исклучен. Била загрижена бидејќи обично секогаш се јавува на мобилниот телефон, па повикала полиција на нејзината адреса.

Полицајците виделе ултрареалистична кукла на прозорецот и помислиле дека бебето е оставено само во куќата, па упаднале внатре. Кога сфатиле за што се работи, ја пронашле Ава, објасниле што се случило и ја замолиле да и се јави на мајка и. За да не се повтори такво нешто, Ава залепи налепници на прозорецот на кои пишува: „Овде има живописни кукли. Нема бебиња останати во куќата. Ве молиме не паничете и не уништувајте врати или прозорци. Ви благодариме“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK