Британија: Украина може да го користи нашето оружје на руска територија

c4f38206-79e0-4b62-8d1e-c96073dd77fe.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинските сили можат да користат британско оружје на руска територија, потврди Министерството за одбрана. Портпаролот на британското Министерство за одбрана рече дека Украина има право на самоодбрана од руските агресивни напади, што не ги исклучува операциите внатре во Русија.


Поранешниот секретар за одбрана Бен Валас претходно изјави дека целото оружје што го испорачува Велика Британија, освен ракетите со долг дострел, може да се користи во Русија.

Тоа значи дека украинските сили можат да користат противтенковски ракети, артилерија, оклопни возила и друго оружје на Обединетото Кралство на руска територија. Ракетите Storm Shadow не смеат да се користат надвор од границите на Украина, додаваат од Министерството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK