Британското Министерство за одбрана во својот дневен извештај за ситуацијата во Украина наведува дека Русија изградила подводна бариера од потонати бродови за да спречи напади на мостот на Крим.
„Теснецот Керч е важен за воена логистичка поддршка на руските сили во окупираните области на регионите Херсон и Запорожје. Русија во голема мера се потпира на Кримскиот мост и траектите за да го премине теснецот и користи низа системи за пасивна одбрана, како што се генератори на чад и подводни бариери, покрај активна одбрана како што се противвоздушните одбранбени системи, со цел намалување на штетите од идни напади“, пишува Министерството.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 1 September 2023
Find out more about Defence Intelligence’s use of language: https://t.co/mZk9BsAXGk
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/CcYN3lRAHW
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) September 1, 2023
„Снимките од крајот на август потврдуваат дека Русија создала подводна бариера од потонати бродови и други структури за да ги одврати нападите на беспилотни водени возила (дронови) на мостот на Крим. Има неколку бродови оддалечени 160 метри во областа на јужниот дел на мостот“, се додава.
Според Скај њуз, Русија потопила голем број бродови покрај мостот на Крим користејќи, како што аналитичарите ја нарекуваат „стратегија стара 200 години“ за одбрана од нова закана од дронови на украинската морнарица. Сателитските снимки собрани од Скај њуз покажуваат шест темни објекти кои се појавуваат во низа во близина на Кримскиот мост, познат и како мост Керч.