Дел од вработените и членовите на нивните семејства се привремено повлечени од британската амбасада во Либан поради растечките тензии во регионот предизвикани од ескалацијата на ситуацијата во Газа. Британскиот „Форин Офис“ ја наведе сегашната безбедносна ситуација како причина за одлуката, која дојде откако Израел и либанската милитантна група Хезболах разменија оган долж границата.
Во советот на веб-страницата на Канцеларијата за надворешни работи се вели: „ФЦДО советува да не се патува во Либан поради ризиците поврзани со конфликтот меѓу Израел и окупираните палестински територии“. Минофрлачки и артилериски оган и воздушни напади се во тек во јужен Либан, на границата со Израел. Тензиите се високи и настаните би можеле да ескалираат без предупредување“, се вели во извештајот.
„Постои и ризик од граѓански немири. Имаше големи протести пред амбасадите, вклучително и пред амбасадите на САД и Франција на 17 октомври, се наведува во препораката.
„Поради безбедносната ситуација, дел од персоналот на британската амбасада и сите членови на семејството на персоналот се привремено повлечени. Амбасадата продолжува со суштинската работа, вклучувајќи (обезбедување) услуги за британските граѓани“, се додава.
Четворица цивили се убиени во израелски воздушен напад во јужен Либан во неделата вечерта, меѓу кои и три деца, соопшти локален претставник на цивилната одбрана и државните медиуми. Израелската војска соопшти дека го нападнала Хезболах поради противтенковски оган во кој загина еден израелски државјанин. Хезболах тврди дека за возврат лансирал проектили кон Израел од јужен Либан.