Бразилскиот претседател Лула денеска оди на операција

Бразилскиот-претседател-Лула-денеска-оди-на-операција.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денеска треба да му биде извршена операција, вградување на вештачки колк.


Операцијата привремено ќе ги стопира неговите чести патувања низ светот.

Се очекува 77-годишниот Лула да помине неколку дена во болницата Сирио Либанес во Бразилија, пред да се врати во претседателската палата на почетокот на следната недела.

„Операцијата на Лула не треба значително да влијае на процесот на донесување одлуки“, рече Пауло Калмон, професор по политички науки на Универзитетот во Бразилија.

Тој додаде дека Лула најверојатно ќе бара да биде информиран за се што се случува дури и за време на неговото закрепнување.

Лула е најстариот претседател во историјата на Бразил, а за време на изборната кампања минатата година често се шегуваше дека и покрај тоа што има повеќе од 70 години, има енергија на 30-годишник.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK