Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека Украина останува главен приоритет на Европската унија.
„Украина останува наш главен приоритет. Пакетот помош во вредност од 50 милијарди евра ќе овозможи одржлива финансиска поддршка од Европската унија“, рече Борел на заедничката прес-конференција со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во Киев.
Тој додаде дека Украина мора да победи во војната против Русија.
„Војната мора да се добие за да се добие мирот“, рекол Борел, пренесува Танјуг.
Според него, руската агресија е „напад врз постоењето на Украина и нејзиниот народ“.
„Тоа исто така претставува директна закана за безбедноста на Европа како целина. Затоа, мораме да ве поддржиме, не само колку што е потребно, туку и да обезбедиме се што е потребно“, му рекол Борел на својот украински колега.