Само палестинската управа (ПА) може да управува со Газа по завршувањето на војната меѓу Израел и Хамас, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
„Хамас повеќе не може да ја контролира Газа“, рече Борел на годишната конференција за надворешна и безбедносна политика во Бахреин.
„Значи, кој ќе ја контролира Газа? Мислам дека само палестинските власти би можеле да го направат тоа“, рече тој.
Борел во петокот рече дека актуелната војна меѓу Израел и екстремното палестинско движење Хамас во Појасот Газа е „резултат на колективен политички и морален неуспех“.