Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел денеска изјави дека рускиот министер за надворешни работи „агресивно одговорил“ на повиците за време на регионалниот форум на АСЕАН Москва да ги повлече своите трупи од Украина.
На маргините на форумот во Џакарта, Индонезија, Борел изјави дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров барањето за повлекување го нарекол дел од заговор на Западот, пренесе Бета.
Шефовите на дипломатии на Русија и на САД, Лавров и Ентони Блинкен се во Џакарта, но се чини дека нема да има можност за нивна средба „во четири очи“ поради, како што наведуваат руските медиуми, „насобраните разлики во мислењата“ и нивните различни распореди за престојот.