Борел: Човек треба да може да го критикува Израел без да биде обвинет за антисемитизам

Борел-ЕУ-се-соочува-со-непријателство-од-муслиманските-земји-поради.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Акцијата на Израел треба да може да се критикува без обвинувања за омраза кон Евреите, изјави денеска во Европскиот парламент Жозеп Борел, шефот за надворешна политика на Европската унија. Високиот претставник за надворешна политика и безбедност во Парламентот во Стразбур говореше по враќањето од петдневната мисија на Блискиот Исток.



Тој го осуди нападот на Хамас на 7 октомври, нарекувајќи го најголемиот масакр врз Евреите од Втората светска војна, но и она што Обединетите нации го прогласија за „хуманитарна катастрофа“ во Појасот Газа.

„Резултатот од блокадата што го спречи доаѓањето на клучните залихи е исто така еден вид масакр“, вели шпанскиот социјалист.

„Човек треба да го признае правото на Израел да се брани, но во исто време да биде огорчен поради тоа што им се случува на палестинските цивили“, рече Борел и нагласи дека политиката на Израел треба да може да се критикува „без да биде обвинет дека ги мрази Евреите“.

Шефот за надворешна политика на ЕУ рече дека е меѓу првите што се спротивстави на прекинот на снабдувањето со вода и електрична енергија во Појасот Газа, што е кршење на меѓународното право, и му порача на Израел дека на енклавата треба да и се даде пристап до лекови, вклучително и анестетици.

Тој нагласи дека ЕУ е крајно загрижена и за нападите на израелските доселеници врз цивилното палестинско население на окупираниот Западен Брег. Борел рече дека овој конфликт не може да се реши со воени средства и дека Хамас не може да остане на власт во Газа, но и дека не може да има израелска контрола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK