Блинкен за средбата Путин-Бајден: „Никогаш не вели никогаш“

Блинкен-за-средбата-Путин-Бајден-„Никогаш-не-вели-никогаш.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен не ја исклучува можноста американскиот претседател Џозеф Бајден и рускиот Владимир Путин повторно да се сретнат во иднина.


„Види, никогаш не кажувај никогаш, бидејќи на крајот на денот, она што сите го сакаат, почнувајќи од Украинците, е праведен и траен мир. Значи, да видиме дали некогаш ќе дојдеме до точка каде што тоа е можно“, изјави Блинкен во интервју за магазинот „Атлантик“.

Тој додаде дека САД веруваат дека Советот за безбедност на ОН има многу проблеми и дека Вашингтон работи на тоа повеќе земји да се приклучат на оваа светска организација.

„Советот за безбедност има многу проблеми и ние работиме на нив. Ги водиме напорите навистина да го реформираме Советот, да внесеме во него земји кои подобро ја отсликуваат денешната реалност“, рече американскиот државен секретар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK