Блинкен во Израел: Можеби ќе можете да се одбраните, но додека постои Америка, никогаш нема да морате

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен зборуваше на заедничка прес-конференција по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.


Тој вели дека е благодарен што се вратил во Израел во „неверојатно тешко“ време за целиот свет.

„Невозможно е да гледам фотографии од убиени семејства и да не мислам на сопствените деца. Бебиња заклани, осквернавени тел, млади живи запалени, жени силувани, родители егзекутирани пред нивните деца, деца пред нивните родители. Како можеме воопшто да го разбереме тоа?“, рече тој.

Тој ја пофали и „храброста на израелските граѓани“.

„Пораката што му ја носам на Израел е ова – можеби сте доволно силни за да се одбраните, но додека постои Америка, никогаш, никогаш нема да морате“, рече тој.

„Секој кој сака мир и правда мора да го осуди владеењето на теророт на Хамас. Хамас има само една агенда – да го уништи Израел и да ги убива Евреите“, вели Блинкен.

Сепак, тој предупреди дека мора да се преземат мерки на претпазливост за да се избегне повреда на цивилите од сите националности.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK