Блинкен: Секое подобрување на врските со талибанците зависи од правата на жените во Авганистан

blinken1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен вчера повтори дека секое подобрување на врските со талибанските лидери во Авганистан зависи од нивниот однос кон жените, две години откако фундаменталистите се вратија на власт.


Ниту една земја не го призна талибанското владеење, а Соединетите Држави избегнуваат директно економско вклучување, делумно поради исклучувањето на жените од средното и високото образование и од јавната сфера.

„И во иднина, ќе бараме да ги повикаме талибанците одговорни за многуте обврски што ги презедоа и не ги исполнија, особено во однос на правата на жените и девојчињата“, им рече Блинкен на новинарите.

„Бевме многу јасни со талибанците – и десетици земји ширум светот беа многу јасни – патот кон понормални односи меѓу талибанците и другите земји ќе биде затворен додека, меѓу другото, правата на жените и девојките не се почитуван“, додаде Блинкен.

Американскиот претседател Џо Бајден вети дека ќе стави крај на сите војни што ги водеше Америка и нареди повлекување од Авганистан, што се претвори во катастрофа на крајот на август 2021 година. Како одговор на новинарско прашање, Блинкен го бранеше повлекувањето.

„Одлуката за повлекување од Авганистан беше неверојатно тешка, но вистинска“, рече тој. „Ја завршивме најдолгата војна на Америка. За прв пат по дваесет години, немаме генерација млади Американци што одат во војна и во смрт“.

Во изминатите две години, талибанските власти наметнаа строго толкување на исламот и донесоа низа одлуки против правата на жените, кои ОН ги нарекуваат „родов апартхејд“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK