Блинкен ќе се сретне со највисокиот кинескиот дипломат Ванг

blinken
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот државен секретар Антони Блинкен и највисокиот кинески претставник за надворешна политика Ванг Ји ќе се сретнат денеска во Џакарта, соопшти американскиот Стејт департмент.

Нивната последна средба беше во Пекинг пред малку помалку од еден месец, кога Блинкен стана првиот американски државен секретар што ја посети Кина од 2018 година.


Ванг Ји сè уште е над министерот за надворешни работи Чин Ганг во кинеската хиерархија на моќ.

Пред неколку дена, американската министерка за финансии Џенет Јелен ја заврши повеќедневната посета на Пекинг.

Главните точки за кои ќе разговараат двајцата дипломати се трговските прашања, кинеската поддршка за рускиот претседател Владимир Путин и неговата војна против Украина, територијалните претензии на Кина во Јужното и Источното Кинеско Море и заканите на Пекинг за анексија на Тајван со сила.

Според Стејт департментот, Блинкен ќе учествува и на состанокот на АСЕАН (Асоцијација на нации од југоисточна Азија) во Индонезија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK