Блинкен: Изборите во Русија се недемократски, одржани во атмосфера на интензивна репресија

677z381_blinken-65f993572e44d.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска оцени дека претседателските избори во Русија биле недемократски и оти поминале во атмосфера на, како што наведе, „интензивна репресија на независните гласови и затворање, смрт или егзил на речиси целата вистинска политичка опозиција“.


„Кремљ систематски ги маргинализира групите кои се залагаат за демократски процеси и владеење на правото, вклучително и набљудувачи на изборите.

Руските власти, исто така, одбија да регистрираат антивоени претседателски кандидати под лажни изговори и не ја поканија Канцеларијата за демократски институции и човекови права на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, или која било кредибилна меѓународна организација, да го набљудува гласањето“, рече Блинкен во соопштението на Стејт департментот.

Тој додаде дека овие потези илустрираат „до кој степен Кремљ им ускрати на своите граѓани транспарентен и значаен демократски процес“.

„Во овој контекст, овие избори може да се опишат само како недемократски“, рече американскиот државен секретар.

Владимир Путин освои 87,28 отсто од гласовите на претседателските избори одржани од 15 до 17 март, покажуваат прелиминарните податоци што ги објави руската Централна изборна комисија врз основа на 100 отсто обработени гласачки ливчиња, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK