Бездомник во Амстердам пронашол паричник со две илјади евра и го вратил: „Не е важно што ќе најдам, секогаш го враќам“

evrasagdgsagas.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Бездомник од главната станица во Амстердам вратил паричник кој некој го заборавил во возот со околу две илјади евра, соопшти локалната полиција, а за тоа бил награден.

Хаџер Ал-Али, 33-годишен маж кој нема постојан дом веќе 18 месеци, пронашол паричник додека барал пластични шишиња.
Во паричникот имало околу две илјади евра, но немало лични документи ниту начин како да се контактира неговиот сопственик, соопшти полицијата.

„Бидејќи веруваме дека чесноста се исплати“, Ал-Али доби признание во вид на сребрена статуетка и подарок ваучер од 50 евра, соопштија властите.

Доколку никој не се јави за паричникот во рок од една година, парите ќе му бидат дадени на тој што ќе ги најде.

„Не е важно што ќе најдам, секогаш го враќам назад“, рече Ал-Али во видео споделено од локалниот медиум „Де Стентор“.

„Можеби сопственикот има фирма каде што може да ми обезбеди работа или сместување каде што би можел да живеам. Никогаш не се знае“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK