Банкротираше вториот по големина град во Велика Британија

бирминген
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градскиот совет на Бирмингем прогласи банкрот откако беше погоден со сметка од 760 милиони фунти за подмирување на платите.

Властите на Бирмингем најавија дека сите нови трошења, со исклучок на заштитата на ранливите луѓе и правните услуги, мора веднаш да се прекинат, пренесува „Скај њуз“.


Во соопштението во кое се изјавува дека е во финансиски проблеми, локалната самоуправа рече дека „ќе ги заостри контролите на трошењето што веќе се во сила“.

Локалната власт соопшти дека нема ресурси за финансирање на обврските за еднакви плати, бидејќи буџетот на градот е околу 87 милиони фунти, а за платите се потребни меѓу 650 и 760 милиони фунти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK