Бајден за нападот врз Јемен: Ги загрозија нашите бродови, морнарицата, ова беше одговорот

Бајден-за-нападот-врз-Јемен-Ги-загрозија-нашите-бродови-морнарицата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Американскиот претседател Џо Бајден потврди дека Соединетите Американски Држави и Велика Британија, со поддршка на Австралија, Бахреин, Канада и Холандија, извршиле напади во Јемен на локации што ги користат бунтовниците Хути, велејќи дека, доколку е потребно, нема да се двоумат да се спроведат понатамошни дејствија.

„Овие напади се директен одговор на нападите без преседан на Хутите врз меѓународните поморски бродови во Црвеното Море, вклучително и употребата на противбродски балистички ракети за прв пат во историјата“, рече Бајден во изјавата објавена од Белата куќа. „Нападите го загрозија американскиот персонал, цивилните морнари и нашите партнери, како и трговијата и слободата на пловидба“, додаде тој.

Тој исто така рече дека, доколку е потребно, „нема да се двоуми“ да преземе дополнителни активности насочени кон заштита на луѓето и слободниот проток на трговија. Нападите против Хутите во Јемен и учеството на кралските воздухопловни сили ги потврди и британскиот премиер Риши Сунак.

Американските власти открија за Ројтерс дека нападите биле извршени со авиони, бродови и подморници, а цел биле повеќе од десет локации. Главниот град Сана, како и градовите Саада и Замар и провинцијата Ал-Худаида се само дел од целите на нападите, потврди претставник на Хутите, нарекувајќи ги тие напади „американско-ционистичко-британска агресија“.

Хутите, кои контролираат голем дел од Јемен, ги гаѓаа бродските рути во Црвеното Море за да покажат поддршка за Хамас, палестинската исламистичка група која се бори против израелската офанзива во Газа. Во исто време, нападите ја загрозуваат меѓународната трговија на клучната рута меѓу Европа и Азија, која сочинува околу 15 отсто од светскиот бродски сообраќај.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK