Во гостувањето во емисијата на Сет Мејерс на Ен-Би-Си, американскиот претседател Џо Бајден рече дека Трамп ја нарекол сопругата со друго име. „Блумберг“ наведува дека не е јасно дали Трамп зборувал за неговата сопруга или сопругата на поранешниот помошник, што не го спречило Бајден да го обвини републиканскиот кандидат за сенилност.
„Треба да го погледнете другиот. Тој е на моја возраст, но не може да се сети на името на неговата сопруга, број еден. Број два, се работи за тоа колку се стари вашите идеи“, рече Бајден (81).
Анкетата на „NBC News“ покажа дека три четвртини од гласачите, вклучително и половина од демократите, се загрижени за возраста и менталните способности на Бајден, додека помалку од половина имаат слични стравови за Трамп (77).
„Ова е човек кој сака да не врати назад. Тој сака да не врати на цела низа прашања од пред 50 до 60 години“, рече Бајден.