Бајден со нов гаф: го нарекол кинескиот претседател диктатор

Бајден-со-нов-гаф-го-нарекол-кинескиот-претседател-диктатор.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Џозеф Бајден се сретна со кинескиот претседател Шји Џјинпинг во вилата во Калифорнија, по што следеше средба, работен ручек и кратка прошетка. После тоа, претседателот на САД направи сериозна грешка, пренесуваат медиумите во светот.


Како што јави Ројтерс, разговорите траеле повеќе од четири часа.

По четиричасовната средба со Шји, Бајден одржа посебна прес-конференција во близина на Сан Франциско, на крајот од која беше запрашан дали се уште го држи ставот дека актуелниот кинески претседател е диктатор.

„Видете, тој е… Тој е диктатор во смисла дека е човекот кој ја води земјата, која е комунистичка држава заснована на сосема поинаков облик на владеење од нашата“, одговори Бајден.

Бајден, според написите, го спореди својот кинески колега со „диктатор“ и за време на приемот на кампањата надвор од камерите во Калифорнија во јуни, навредувајќи го Шји затоа што бил изненаден откако САД собориле кинески шпионски балон кој излета од курсот над Соединетите Американски Држави.

„Не, јас сум сериозен. Тоа е она што е голем срам за диктаторите, кога не знааат што се случува“, рече тогаш Бајден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK