Американскиот претседател Џо Бајден одговори на поканата на поранешниот претседател Доналд Трамп за дебата.
Трамп го упати повикот за дебата за време на понеделничкото гостување на радио со конзервативниот коментатор Ден Бонгино, велејќи дека дебатата би била „добра“ за земјата.
„Би сакал да расправаме сега затоа што треба да дебатираме. Треба да дебатираме за доброто на земјата“, рече Трамп.
Бајден подоцна истиот ден беше прашан за коментарите на Трамп за време на кампањата во Невада.
„Веднаш? Па, да сум на негово место, и јас би сакал да разговарам за себе. Тој нема што друго да прави“, им рече Бајден на новинарите.
Со оглед на тоа што Трамп доминира на републиканските прелиминарни избори, изгледите за општите изборни дебати се неизвесни. Републиканскиот национален комитет се повлече од Комисијата за претседателски дебати во 2022 година, а самиот Трамп ја нарече организацијата „корумпирана“, пренесува „Фокс Њуз“.
„Тие се тотално корумпирани. Тие се потполно демократски настроени, и се уште е добро кога го користам зборот настроени. Тие се тотално корумпирани, и тие се ужасни. И покрај тоа, јас би излегол на 20 дебати и да ги организираат. Ќе водам дебати колку сакаат. Би дебатирал со овој човек (Бајден) секоја вечер. Но, тој никогаш нема да се појави на дебатата“, рече Трамп во декември, пренесува „Ен-би-си Њуз“.