Бајден номинираше генерал-полковник од ВВС за шеф на Националната агенција за безбедност и Киберкоманда

ameirka_bezbednost_#453534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 –  Американскиот претседател Џо Бајден го номинираше генерал-полковник од воздухопловните сили Тимоти Хог за шеф на американската Агенција за национална безбедност (АНС) и Киберкомандата. Тоа го потврдува написот во магазинот „Политико“, кој го цитираше вчерашното соопштение на командата на американското воено воздухопловство.

Хог моментално е заменик-командант на воената Киберкоманда на САД, известувајќи директно до сегашниот шеф на АНС и Киберкомандата, Пол Накасоне.


АНС е американската агенција за електронска шпионажа.

Според биографијата од ВВС,  Хог имал голем број позиции во разузнавањето и кибер безбедноста.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK