Бајден ќе ги повика Американците да се ревакцинираат против корона

vakcinacija-korona.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Администрацијата на Бајден планира да ги повика сите Американци да добијат дополнителна доза од вакцината против Ковид-19 оваа есен, за да му се спротивстават на новиот бран на инфекции, изјави вчера еден од претставниците на Белата куќа.


Официјалниот претставник рече дека Центрите за контрола и превенција на болести известуваат за зголемување на инфекциите и приемите во болниците поради ширењето на коронавирусот, но додаде дека вкупниот број на заразени е сè уште низок.

Во четвртокот, „Модерна“ соопшти дека првичните податоци покажуваат дека нејзината нова вакцина против Ковид-19 е ефикасна против подваријантите на вирусот „Ерис“ и „Форнакс“ кај заразените лица. „Модерна“, „Новавакс“, „Фајзер“ и германскиот партнер „Бионтек“ создадоа верзии на нивните вакцини против Ковид-19, насочени кон подваријантата XBB.1.5.

Во очекување на одобрение од здравствените регулатори во САД и Европа, компаниите очекуваат новите верзии на вакцината да бидат достапни во наредните недели за есенската сезона на вакцинација.

„Ќе ги охрабриме сите Американци да добијат нови дози за заштита од коронавирусот покрај вакцините против грип и респираторен синцицијален вирус“, рече претставникот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK