Американскиот претседател Џо Бајден го прими пратеникот на Ватикан за мир во Украина, кардиналот Матео Зупи, пренесоа светските агенции.
Двајцата разговарале за руската инвазија на Украина и депортацијата на украинските деца во Русија, се наведува во соопштението на Белата куќа.
Бајден и кардиналот Зупи разговараа и за напорите на папата Франциск да обезбеди хуманитарна помош како одговор на широко распространетите страдања предизвикани од тековната агресија во Украина. Тие разговараа и за посветеноста на Ватикан за враќање во Украина на насилно депортираните деца од Украина.
Кардиналот Зупи беше примен во Белата куќа на барање на папата Франциск, откако во јуни тој ги посети Киев и Москва.