Бабата на убиецот на Кирк: Многу сум збунета, немаме демократи во семејството


ubiecot-na-kirk.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бабата на 22-годишниот Тајлер Робинсон, кој беше уапсен под сомнение за убиство на десничарскиот активист Чарли Кирк, тврди дека ФБИ го има погрешниот човек и дека нејзиниот внук е невин. Кирк беше убиен пред три дена, со еден истрел од пушка додека присуствуваше на настан на Универзитетот Јута Вали, пишува Унилад.


По обемна потрага, ФБИ вчера потврди дека го привеле Робинсон како главен осомничен. Недолго по објавувањето, се јавила неговата скршена баба Деби Робинсон. Во разговор за „Дејли Мејл“, Деби го опиша својот внук како тивок и вреден млад човек кој, и покрај тоа што потекнува од републиканско семејство, никогаш не зборувал за политика.

Неговиот татко, нејзиниот син, е страствен поддржувач на Доналд Трамп.

„Тајлер е најсрамежливата личност“, рече таа.

„Никогаш, ама баш никогаш не ми зборуваше за политика. Повеќето од членовите на моето семејство се републиканци. Не познавам ниту еден што е демократ. Едноставно сум толку збунета“, додаде таа.

Полицијата потврди дека Робинсон е уапсен по дојава од член на семејството, но Деби вели дека не слушнала ништо од својот син откако дознала за наводната вмешаност на нејзиниот внук во атентатот. Таа повторува дека „нема шанси“ Робинсон да бил вмешан, додавајќи дека верува оти никогаш не ракувал со оружје како пушката што се користела во атентатот.

„Да бидам искрена, не мислам дека некогаш пукал со пиштол“, рече таа.

„Тој не лови, никогаш не му се допаднало нешто такво. Знам дека не поседува никакво оружје. Едноставно нема шанси да бил толку добар стрелец“, продолжи таа.

„Тој е прекрасно дете. Нема шанси да направи нешто такво. Би се прекрстила и би се заколнала дека апсолутно нема шанси. Никогаш, никогаш не се заглавил во неволја во животот. Тој е само многу срамежливо, добро момче“, е убедена бабата.

Нејзините изјави се спротивставуваат на информациите презентирани од гувернерот на Јута, Спенсер Кокс. Тој изјави дека во разговорите со семејството, Робинсон претходно изразил противење на ставовите на конзервативниот активист и дека станал „пополитичен“ пред пукањето.

И покрај нејзиното верување дека ФБИ направило грешка, Деби рече дека многу ѝ е жал за сопругата и децата на Кирк. Робинсон беше уапсен вчера вечерта во неговиот дом во Вашингтон, во јужна Јута. Службениците сè уште не објавија можен мотив, а доколку биде осуден, се соочува со смртна казна.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK