АЗ Алкмар го затвори стадионот за 43 свои навивачи

az
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Раководството на холандскиот фудбалски прволигаш АЗ Алкмар изрече забрана за влез на клупскиот стадион за 43 навивачи кои нападнаа симпатизери на лондонски Вест Хем за време на минатонеделниот реванш полуфинален натпревар во Лигата на конференции.

Вест Хем триумфираше на гостувањето во Холандија со 1-0 и вкупен резултат од 3-1 обезбеди пласман во финалето во кое на 7 јуни во Прага ќе игра против Фиорентина.


По завршувањето на реваншот во Алкмар, група домашни хулигани го пробија заштитниот кордон и влегоа на дел од централната трибини каде беа сместени околу 200 навивачи на Вест Хем, во најголем број семејства и пријатели на фудбалерите на Вест Хем.

Навивачите на АЗ ги нападнаа гостите, по што неколку фудбалери на Вест Хем ја прескокнаа оградата и влегоа во метежот за да ги одбранат своите семејства и пријатели. Полицијата и обезбедувањето брзо пристигнаа на местото на инцидентот и спречија негова ескалација, а редот беше воспоставен по десет минути.

„АЗ издаде 43 забрани за влез на стадионот како одговор на минатонеделните немири“, соопшти клубот од Алкмар, додавајќи оти против инволвираните во тек е и кривична истрага од страна на холандските власти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK