Автомобил влета во популарен паб во Австралија, има и жртви

Автомобил-влета-во-популарен-паб-во-Австралија-има-и-жртви.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Автомобил влета во отворениот дел на популарен паб во хотел западно од Мелбурн, а се верува дека има многу загинати со оглед на тоа што угостителскиот објект бил полн со луѓе.



Возилото наводно удрило во Ројал Хотел, во пабот Бир Гарден во Дејлсфорд.

Инцидентот се случил во неделата околу 18 часот по локално време.

Бројот на повредени и загинати во оваа фаза не е познат.

„Службите за итни случаи моментално се на местото на тешката несреќа на улицата Винсент, Дејлсфорд. Бидејќи итните служби имаат потреба од пристап до местото на настанот, ги замолуваме граѓаните да го избегнуваат теренот“, соопштија од полицијата.

Службите за итна помош се на терен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK