Австрија: Евакуирани патници од воз кој се запалил во тунел

австрија-возови
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Австриските власти евакуираа стотици патници од воз кој синоќа се запали додека беше во тунел и, според официјалните лица, околу 50 луѓе претрпеле полесни повреди, најмногу поради вдишување чад.

Ноќниот воз со околу 370 патници се наоѓал во тунелот Фиценс, источно од Инсбрук во регионот на Тирол, кога избувнал пожарот, јави австриската новинска агенција АПА.


Железничкиот оператор ОББ соопшти дека околу 20:40 часот било пријавено оштетување на горните електрични водови и оти изгледа се запалил автомобил во товарен вагон во ноќниот воз од Инсбрук до Амстердам. Како што се наведува, пожарот бил изгаснат до 22.20 часот.

Евакуацијата завршила кусо по 23 часот.

Ноќниот сервис на Австриските железници сообраќа до неколку европски градови и понекогаш превезува автомобили во посебни вагони. Возот утрово требаше да пристигне во Амстердам.

Патниците на кои не им била потребна медицинска помош биле однесени во Инсбрук каде по потреба било организирано сместување за нив.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK