Апелациониот суд во Њујорк го отфрли барањето на Доналд Трамп за укинување на забраната за јавно говорење во судскиот процес за поткуп, кој второстепено се води против поранешниот американски претседател.
Највисоката судска инстанца го отфрли барањето повторно да ја разгледа забраната за јавно говорење, што му ја наметна, на поранешниот претседател, судијата што води кривична постапка против Трамп за поткуп, јавува Еј-би-си Њуз.
Судијата Хуан Меркан му забрани на Трамп јавно да зборува за сведоци, поротници и други лица поврзани со неговиот криминален случај, кој заврши со пресуда минатиот месец.
Апелациониот суд ја потврди забраната за јавен говор, објаснувајќи дека судијата Меркан „правилно ги избалансирал правата на Трамп според Првиот амандман“.