Анкета на „Форса“: Само половина од Германците сметаат дека владината коалиција ќе преживее до крајот на мандатот

germanija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Само половина од Германците веруваат дека владејачката коалиција на канцеларот Олаф Шолц ќе опстане до крајот на неговиот мандат, покажуваат резултатите од анкетата објавена вчера, а беше цитирана од британските медиуми.

Во коалицијата, во која се Социјалдемократите, Зелените и бизнис-ориентираната Слободна демократска партија, неделава ескалира спорот за иднината на германскиот систем за греење. Слободната демократска партија во вторникот го блокираше воведувањето во парламентот на нацрт-законот подготвен од Министерството за економија, што е под контрола на Зелените, со кој од следната 2024 година би се забраниле повеќето нови системи за греење со нафта и гас. Слободната демократска партија повика на големи промени во законот.


Зелените ја обвинија Слободната демократска партија за „политичка блокада“ и предупредија дека владината криза може да биде неизбежна.

Од вчера објавените резултати на социолошкото истражување на агенцијата „Форса“ се гледа дека околу 40 отсто од Германците мислат дека трипартиската владејачка коалиција ќе се распадне пред крајот на нејзиниот мандат во 2025 година.

Околу 54 отсто од Германците поддржуваат одржување нови избори во случај на колапс на коалицијата.

Канцеларот Олаф Шолц вчера ги повика своите коалициски партнери да ги решат разликите во следните недели, но околу 81 отсто од Германците сметаат дека тој треба да дејствува поодлучно.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK