Анализа откри присуство на жива, пестициди, пластификатори во косите на француските сенатори

francija-senat
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Жива, пестициди, пластификатори, па дури и ретки елементи – овој коктел може да се најде во косите на француските сенатори, јавија француските медиуми.

Тоа се нагласува во резултати од анализата на косата на 26 француски сенатори. Во јули минатата година, тие истрижаа прамен од косата и го доставија на анализа во приватната и независна лабораторија „TocSeek“, што детектира во основа траги од присуство на 1.800 загадувачи и 49 метали.


Резултатите од анализите на косата на сенаторите беа објавени денеска.

Во оваа прилика, сенаторката Анжел Превил рече: „Ова е сигнал за тревога што го добиваме. Ако се најдат такви работи во нашата коса, тоа значи дека сме заразени“.

Анализите покажаа дека во косата на 93 отсто од сенаторите има присуство на ретки земјени елементи кои се наоѓаат во паметните телефони и во другите „паметни“ технологии кои го окупираат нашиот секојдневен живот, вклучувајќи екрани на лаптоп, батерии на електрични автомобили или хибридни возила…

Оваа доминација на ретки земјени елементи во косата на сенаторите во споредба со косата на обичните луѓе веројатно може да се објасни со фактот дека тие користат повеќе средства за комуникација во својство на избрани функционери.

Присуството на жива никого не изненади, бидејќи ја има и во забните амалгами или кај некои риби.

Сите тестирани сенатори исто така беа контаминирани со најмалку еден пестицид. Во нивната коса беа идентификувани 45 различни производи од оваа сорта, вклучувајќи и пестицид забранет во Европа од 2008 година – карбофуран.

А пластификаторот диоктил фталат бил откриен кај 69 отсто од сенаторите. Пластификаторите се користат за да се даде флексибилност на пластиката.

Според Матје Даволи, ко-основач на лабораторијата што ги вршела анализите резултатите биле очекувани и одговараат на она што обично се забележува кај популацијата. Ова, исто така, зборува за редовно и повеќекратно изложување на загадувачи присутни во храната и во козметичките или хигиенските производи. Според него, долгорочното „загадување“ може да предизвика хормонални пореметувања и да доведе до хронични, автоимуни, невродегенеративни болести, па дури и до рак.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK