Аналитичар: Понекогаш е тешко да се направи разлика помеѓу израелската воена доктрина и воените злосторства

Аналитичар-Понекогаш-е-тешко-да-се-направи-разлика-помеѓу-израелската.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Геополитички аналитичар од британскиот одбранбено-безбедносен тинк тенк Самуел Рамани за Скај њуз денеска изјави дека „некогаш е тешко да се направи разлика помеѓу израелската воена доктрина и воените злосторства“.


Запрашан од водителот за обвинувањата за воени злосторства од двете страни, тој рече: „Зависи од тоа како ќе ги дефинирате“. Рамани вели дека некои тврдат дека нападите од копно, море и воздух, како оние што ги изврши Хамас за време на викендот, сами по себе не се воени злосторства. Но, ако тие се насочени против цивили, тогаш тие се воено злосторство.

Рамани вели дека таргетирањето инфраструктурни цели е „вградено во израелската воена доктрина“. „Многу е тешко во некои моменти да се разликува израелската воена доктрина од воените злосторства. Некои од воздушните напади врз Газа би можеле да спаѓаат во таа категорија“, рече тој.

Тој додава дека блокадата на ресурсите како вода и струја е „дилема“ за израелските власти, додека генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш јасно стави до знаење дека станува збор за воено злосторство. На прашањето за правото на самоодбрана, аналитичарот рече: „Израел има право на самоодбрана“.

„Но, овој напад се случува во исклучително густо населена област, со 2,5 милиони луѓе на мала област. Овие луѓе имаа многу малку начини да го напуштат. Значи, колку и да е трагично и несреќно, самоодбраната на Израел ќе доведе до смрт на невини цивили“, рече Рамани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK