Американскиот суд го потврди законот што може да доведе до забрана на ТикТок

144145_62226-tik-tok-iff_f.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот федерален суд денеска ја потврди уставноста на законот што може да доведе до забрана на популарната платформа за социјални медиуми Тик Ток во рок од неколку месеци.


Таа одлука го отфрли ставот на кинеската компанија дека забраната не е во согласност со Првиот амандман на Уставот на САД, пренесе АП.

Апелациониот суд на округот Колумбија донесе одлука за валидноста на законот со кој се бара ТикТок да ги прекине врските со матичната компанија ByteDance во Кина или да биде забранет почнувајќи од 19 јануари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK