Американскиот Сенат усвои нацрт-закон со кој се зголемува горната граница на владиниот долг

bajden_345435
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Сенатот на американскиот Конгрес усвои закон поддржан од американскиот претседател Џозеф Бајден, со кој се зголемува горната граница на државниот долг од 31,4 трилиони долари, со што се елиминира неисполнувањето на финансиските обврски на владата.

Сенатот синоќа гласаше со 63 гласа „за“ и 36 „против“, а Претставничкиот дом го усвои законот во средата.



Министерството за финансии предупреди дека нема да може да ги исполни сите свои обврски од 5 јуни доколку Конгресот не дејствува дотогаш. Бајден ја пофали навремената акција на Конгресот.

„Овој договор меѓу демократите и републиканците е голема победа за нашата економија и американскиот народ“, наведе Бајден во соопштение и најави дека ќе го потпише законот што е можно поскоро.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK