Американскиот новинар Такер Карлсон најави интервју со Зеленски

б.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Американскиот новинар Такер Карлсон, кој го привлече вниманието на светската јавност кога во февруари го интервјуираше рускиот претседател Владимир Путин во Москва, сега најави интервју со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Изгледа дека добивме интервју со Зеленски. Се обидуваме две години, а особено интензивно по интервјуто со Путин во февруари. Поентата е да им ги дадеме на Американците многу потребните информации за конфликтот што целосно ја преобликува нивната земја. Се надеваме дека интервјуто доаѓа наскоро“, напиша Карлсон на мрежата X.

Карлсон е првиот западен новинар кој интервјуирал руски претседател од почетокот на руската воена операција во Украина во февруари 2022 година. За време на двочасовното интервју објавено ноќта на 9 февруари, кое имаше повеќе од 170 милиони прегледи на социјалната мрежа Х и повеќе од 10 милиони на Јутјуб, Путин меѓу другото рече дека Русија нема да го нападне НАТО, особено Полска, Латвија и другите балтички земји.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK