Американски институт за мир: Многу членки на НАТО најавуваат нова воена помош за Украина

bfg.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот институт за мир очекува продолжување на воената помош за Украина барем на исто ниво како досега, со тенденција на зголемување.


Потпретседателот на тој институт на американската влада Вилијам Тејлор на српските новинари во пресрет на денешниот почеток на самитот на НАТО изјави дека многу земји членки на НАТО најавуваат нова помош за Украина во војната со Русија.

Генералниот секретар на Алијансата во заминување, Јенс Столтенберг, претходно најави дека една од трите клучни теми на самитот на НАТО ќе биде Украина, а Тејлор, поранешниот американски амбасадор во Украина, сега потпретседател за Русија и Европа на Американскиот институт за Мир, вели дека помошта на членките на НАТО за Украина да биде барем иста како порано.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK